Скопје и Атина го информираа Гутереш дека стапи во сила името Република Северна Македонија

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас го прославуваат потпишувањето на договорот за името на 17 јуни 2018

Скопје и Атина вчера доставија заедничкото писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Договорот од Преспа. Од МНР велат дека за промената на името, во најкус можен рок ќе бидат информирани и Секретаријатот на ОН, земјите членки, државите набљудувачи на ОН, како и сите останати меѓународни организации.

По добиената вербaлна нота од Грција дека е завршена ратификацијата на Преспанскиот договор и на Протоколот за членство во НАТО, Владата во Скопје вчера соопшти дека официјално почнува примената на новото уставно име Република Северна Македонија.