Фирмите бараат сузбивање на сивата економија и корупцијата

Илустративна фотографија.

Намалување на сивата економија и корупцијата, воспоставување еднакви правила на игра, ефикасен судски систем и спроведување на договорите, стабилизирање на макроекономското опкружување, транспарентен и предвидлив даночен систем и ефикасна даночна администрација…

Тоа се приоритетни реформи што треба да обезбедат подобра бизнис клима во Македонија, според оценката на анкетираните компании со истражувањето за бизнис климата во Македонија во 2018 година, што трета година се спроведено преку проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Со истражувањето се опфатени 518 компании од четирите комори во Македонија.