На протестот во Белград се приклучија и студентите

Анти-владин протест во Белград.

Пред Филозофскиот факултет во Белград синоќа започна десетиот протест „Еден од пет милиони-почнато е“. На протестот се придружија студентите од Факултетот за политички науки, Факултетот за организациски науки,Сообраќајниот и Фармацевтскиот факултет, Електротехничкиот факултет, Високата школа за електротехниката и информатиката и од Правниот факултет, кои
под паролата “Разбудете се студенти-Еден од пет милиони” организирано дојдоа на протестот од студентскиот дом” 4 април “на Вождовец.

Првиот протест против насилството насловен „Стоп на крвавите кошули” се одржа во Крушевац на 30 ноември 2018 година, поради напад на еден од лидерите на Сојузот за Србија Борко Стефановиќ и уште двајца други активисти во градот.

Од 8-ми декември протестите се организираат секоја сабота во Белград.

На почетокот од организирањето на протестите, граѓаните побараа власта да престане со насилството врз неистомислениците и да се пронајдат лицата одговорни за нападот врз Борко Стефановиќ.

Барањата потоа се дополнуваа, а главното барање на протестите е оставка на Александар Вучиќ, претседателот на Србија и на владејачката Српска напредна партија, како и слободни и фер избори.