ИЈЗ: Се очекува да расте бројот на заболени од грип

Илустративна фотографија. Вакцинација против грип

Во текот на изминатата недела (од 28 јануари се регистрирани 1.252 заболени од грип, што е речиси двојно зголемување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 643 заболени од грип. Се
очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се наведува во извештајот, што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје информираше дека на 5 февруари 25-годишна девојка од Охрид починала на КАРИЛ поради компликации од грип. На 6 февруари, пак, петгодишно девојче од Скопје почина на Клиниката за детски болести
од компликации предизвикани од грип.

Во извештајот на ИЈЗ се наведува дека бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 37,4 отсто споредено со петтата недела од минатата сезона кога беа регистрирани 2.001 случаи. Регистрираната инциденца oваа недела за прв пат оваа сезона е над неделната
граница на сезонската активност на вирусот на грип.