НАТО ќе може да го користи терминот „македонски јазик“ откако ќе завршат сите процедури поврзани за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Брисел повикувајќи се на високи извори во Алијансата.
Дел од јавноста во Македонија вчера реагираше што за првпат, за време на церемонијата на потпишување на пристапниот протокол за НАТО, Алијансата не го искористи зборот „македонски јазик“ на својата веб страница, и покрај тоа што секогаш досега го користела, туку кај името на јазикот стоеше македонското знаме.
Висок извор во НАТО за МИА, како што јавува агенцијата, објаснил дека „откако Договорот од Преспа ќе биде целосно имплементиран ќе бидат во можност да го користиме терминот „македонски јазик“.