Амбасадорот на САД во Приштина со критики за косовската влада

Архивска фотографија- Американскиот амбасадор во Косово Филип Коснет

Американскиот амбасадор во Косово Филип Коснет ја критикуваше тамошната влада за ангажирањето како советник на премиерот на поранешен командант во косовската ослободителна армија, осуден за воени злосторства.

На својот профил на социјалната мрежа Твитер Коснет напиша дека нема место во косовската влада за осудените за воени злосторства.

Сулејман Селими, кој е ангажиран како советник на премиерот, беше осуден на седум години во затвор за воени злосторства извршени за време на косовската војна во 1998/1999 година. Тој беше ослободен условно на 25 јануари, додека неговата затворска казна истекува во септември идната година. Селими беше назначен за советник на премиерот Рамуш Харадинај само неколку дена по неговото излегување на слобода.