Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави дека е потребна координација за да се победи Исламската држава во Сирија. Во неговото обраќање во Вашингтон на состанокот со претставниците од Коалицијата во борба против ИД, во која учествуваат 79 држави, Чавушоглу порача дека елиминирањето на терористичката група ИД и повлекувањето на американските сили од тој регион би требало да се спроведат координирано.
Тој ги повика другите земји да ги направат потребните напори за да го спречат повторното оживување на терористичката организација ИД. Додаде дека ИД е поразена во Ирак, напоменувајќи дека ќе ја доживее истата судбина во Сирија.
“Сега е важно да се спречи повторното оживување на ИД и да помогнеме во стабилизирањето на овие земји. Ставајќи ги своите војници во ризик во борбата против тероризмот во Сирија и олеснувајќи го враќањето на стотици илјади бегалци во ослободените области, Турција е подготвена да стори сé што е во нејзина моќ за да помогне во стабилизирањето на Ирак и Сирија”, рече Чавушоглу.