Анѓушев: Се очекува наплив од странски инвестиции по потпишувањето на протоколот со НАТО

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска имаше состанокот во Берлин со државната секретарка во германското Сојузно министерство за економија и енергетика, Клаудиа Дер Вос.

Анѓушев рече дека со денешното потпишување на протоколот за пристапување кон НАТО, се реализира една стратешка цел на нашата земја, стабилност и подобра бизнис клима преку која се очекува нов наплив на странски инвестиции

Тој додаде дека СР Германија е прв трговски партнер на нашата земја со 3,64 милијарди евра обем и 15 отсто раст на размената во 2018, во однос на 2017 година.

". Денес се остварува децениската стратешка цел за пристапување кон НАТО, со што се обезбедува еден од фундаменталните услови за побрз и поинтензивен развој, особено на економијата. Со стабилноста која ја добиваме со членстството во НАТО, очекуваме зголемен интерес од странските инвеститори, особено оние кои доаѓаат од Германија" нагласи Анѓушев.