Државата не презема долгови на приватни компании, туку ги обештетува лозарите, тврди Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски тврди дека државата не презема долгови на приватни компании, туку директно ги обештетува лозарите, а преку финансиските инструменти на УЈП, тие пари ќе бидат вратени во Буџетот.

„Во следните три години, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, сите исплати кои што ќе ги прават компаниите за кои што се презема долгот, ќе бидат стопирани преку УЈП и ќе бидат средства на Буџетот, односно преку Платежната агенција ќе се вратат во Буџетот. Не е точно дека со државни пари се покриваат долгови на приватни фирми, ние директно ги помагаме и обештетуваме лозарите“, изви Николовски на новнарско прашање во врска со долговите на винарниците кон лозарите за откупот на грозјето.