Венецуелски генерал му даде поддршка на Гваидо

Венецуелскиот генерал Франциско Јанес му даде поддршка на лидерот Гваидо

Генералот Франциско Јанез кој е командир на воздушната единица во Венецуела побара од вооружените сили да се борат против претседателот Николас Мадуро.

“Луѓето од Венецуела, 90 отсто од вооружените сили на Венецуела не се со дикатоторот, тие се со народот на Венецуела”, вели Јанез во видео порака објавена на социјалната мрежа Твитер на 2 февруари.

Јанез е првиот венецуелски генерал кој го призна Хуан Гваидо откако тој се самопрогласи за претседател на 23 јануари. Вашингтон го призна Гваидо како легитимен претседател и воспостави санкции кон земјата кои се очекува дополнително да ја ослабнат државата која како произведувач на нафта е членка на ОПЕК. Некои земји членки на Европската унија се очекува да го признаат Гваидо следната недела.