Врховниот суд зад затворени врати ќе разгледува иницијатива за истрагите на СЈО

Врховниот суд денеска ќе одржи седница зад затворени врати на која ќе ја разгледа иницијативата, дали СJO може да отвора истраги и да поднесува обвиненија по истекот на 18 месеци од денот на преземањето на предметите во своја надлежност.

Иницијативата е поднесена од двајца адвокати Боро Тасевски и Еленко Миланов, кои се бранители на обвинети во повеќе случаи на СЈО.

Во соопштението од судот е наведено дека Врховниот суд, меѓу другото, има обврска на Општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења.