Повеќе од 130 мигранти се водат за исчезнати откако два пренатрупани брода се превртиле во близина на брегот на Џибути, соопшти Меѓународната организација за миграции. Спасувачките екипи пронашле двајца преживеани и тела на 5 жртви.
Според организацијата, еден од преживеаните е 18 годишно момче на чиј брод имало 130 патници, но тој немал информации за вториот брод. Се уште не се знае која националност се мигрантите.