Меј ги повика пратениците да и покажат на ЕУ каков Брегзит сакаат

Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека гласањето во Парламентот е шанса да се повлече линија меѓу поделбите, кои предизвикале да не биде одобрен нејзиниот план за Брегзит и е шанса да и се покаже на ЕУ што сакаат пратениците.

Таа порача дека и е јасно дека пратениците не го сакаат постоечкиот договор за Брегзит, но сега треба да пратат порака како го замислуваат излегувањето на Британија од ЕУ. Според неа, има волја од страна на ЕУ за постигнување на договор со Британија.