Собранието поради остуство на министерот за надворешни работи Никола Димитров, наместо денеска, утре ќе расправа по точката за негова интерпелација, соопшти претседателот на Парламентот Талат Џафери.
Интерпелацијата на Димитров е поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а беше ставена на дневен ред на денешната 81. седница.
Седницата на Собранието е во тек. Попладнево пратениците поддржаа измени и дополнувања на повеќе одлуки: за именување членови на Агенцијата за електронски комуникации, за именување членови на Националниот совет за евроинтеграции и за разрешување на заменик на гераланиот секретар на Парламентот.