Историскиот Договор од Преспа отвара нова ера на соработка, солидарност и пријателство на Балканот, го поразува национализмот од двете страни и е победа за оние кои не дозволуваат иднината да падне во рацете на квази-патриотите, порача грчкиот премер Алексис Ципрас за време на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.
Алексис Ципрас, денешната владина седница ја карактеризираше како посебна од три причини: бидејќи е прва по изгласаната доверба на владата од грчкиот Парламент, прва по ратификацијата на, како што рече, историскиот Договор од Преспа и поради одлуката за
зголемување на најниската плата од 586 на 650 евра.