На чекор до мировен договор во Авганистан

Договорена е рамка за мировен договор меѓу претставниците на САД и на милитантната група од Авганистан по петдневните разговори кои се водеа во Катар, јавува Њујорк Тајмс повикувајќи се на изјава на специјалниот претставник на САД Залмај Калилзад. Според цитираната изјава, постигната е нацрт-рамка врз која ќе се изгради мировниот договор.

Според предлогот, Талибанците се согласиле да не дозволат територијата на Авганистан да се користи од страна на милитантни групи како што е Ал Каеда за спроведување на терористички напади. Тоа би можело да доведе до целосно повлекување на американските борбени сили, но само доколку за возврат Талибанците стартуваат разговори со авганистанската влада и спроведат траен прекин на огнот.

Талибанците се обврзаа на наше задоволство да сторат се што е неопходно за да се спречи Авганистан да стане платформа за меѓународни терористички групи или поединци, изјавил Калилзад за Њујорк Тајмс.