Бубевски поднесе кривична против адвокатот Арслани за ланската закана

Архивска фотографија, обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски пред Суд по одложувањето на рочиштето за „Насилство во Центар“

Специјалниот обвинител Гаврил Бубевски денеска поднесе кривична пријава против адвокатот Мефаиљ Арслани за јавно искажана закана пред три месеци со што била загрозена сигурноста на обвинетиот. Арслани е бранител на обвинетиот Ејуп Аљими во судскиот процес познат во јавноста како „Титаник 3“. Според пријавата која е објавена на веб страницата на специјалното јавно обвинителство, Арслани на 10 ноември 2018 година на паркингот пред трговскиот центар Мавровска во Скопје јавно искажал закана по животот на Бубевски и неговото семејство, посочувајќи дека обвинителката Фатиме Фетаи ќе биде поштедена.

„Во тој предмет еден од обвинителите е оштетениот Гаврил Бубевски, и основано се очекува задоволување на правдата за стореното од страна на Ејуп Аљими, иако според негово поведение, истиот се однесува како недопирлив за правдата. Впрочем, од досегашното однесување на правосудниот систем не му е без основа таквото однесување, и затоа е целокупната омраза кон „нашата“, на која ѝ простиле заради таа припадност и на „каурот“, на кого треба да му плаче фамилијата. Од зборот „каур“, а во контекст на сето ова, јасно се влече заклучокот спрема кого се насочени заканите и поголема аргументација се чини е непотребна, “ се наведува во објаснувањето на пријавата.

Во образложението е наведено дека обвинителот бара и да се прибават листинзи од телефонските оператори со цел разјаснување дали адвокатот и неговиот клиент се заканувале или контактирале со дел од сведоците за кои во пријавата Бубевски тврди дека се плашат да сведочат.