Столтенберг очекува брзо потпишување на протоколот со Македонија

Наскоро ќе биде потпишан пристапниот протокол за влез на Македонија во НАТО, најави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столенберг. Како што пренесува МИА, можно е веќе во текот на оваа недела амбасадорите на НАТО да го потпишат протоколот.

„Ќе го потпишеме пристапниот протокол во НАТО и тоа можеме да го сториме набрзо. За ратификацијата ќе треба повеќе време, сѐ зависи од 29-те парламенти. Штом ќе го потпишеме пристапниот протокол, Скопје ќе седне на масата,“ изјави Столтенберг за Политико Европа.

Тој коментирајќи гo зачленувањето nа Црна Гора во 2017 година, истакна дека минатиот пат за ратификување на членството во Алијансата им било потребно една година.

Според толкувањата на дел од амбасадорите, како што пренесува МИА, може да се очекува македонското знаме да се вее пред седиштето на НАТО во Брисел до крајот на годинава или на почетокот на следната.