Царовска најави обештетување на илјадници пензионери

Мила Царовска,министерка за труд и социјална политика

Финансиска истрага покажала дека на 12.000 пензиски осигуреници на возраст од 40-тина години и многу од нив првовработени не им биле префрлани придонесите од првиот во вториот пензиски фонд., објави денеска Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика. Таа нагласи дека на тој начин на 12.000 осигуреници им е направена неправда во можноста во иднина да остварат повисока пензија.

„ Она што го откривме е дека за околу 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб, односно за нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако ги исполнувале законските услови за ова. Со последните законски измени ја исправивме оваа неправда, за што обезбедивме 19 милиони евра од Буџетот на РМ, пари со коишто ќе ги обесштетиме корисниците. Сите документи кои беа дел од анализата ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство на понатамошна истрага“, изјави Царовска.

Таа истакна дека овие пари ќе се уплатат на приватните пензиските друштва каде што ќе се распределат на корисниците. За секој осигуреник ќе се направи парична уплата за целиот изминат период за кој што не му се распределувале придонесите.