Американскиот државен секретар Мајк Помпео го назначи поранешниот дипломат Елиот Ејбрамс за специјален пратеник за "повторно воспоставување на демократијата" во Венецуела. Ејбрамс пред новинарите изјави дека кризата во Венецуела е "длабока, комплексна и опасна". Ејбрамс им служел на поранешните американски претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш помладиот.
САД и повеќе од десетина латиноамерикански држави, Канада и Обединетото Кралство, го поддржаа Хуан Гуадо, кој го предводи Националниот конгрес на Венецуела - откако сам се прогласи за легитимен претседател. Во исто време, оспорениот претседател Николас Мадуро не покажува дека е подготвен да се откаже од власта и вели дека е демократски избран претседател.
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Венецуела, а на средбата ќе присуствува и американскиот амбасадор Мајк Помпео. Николас Мадуро денеска објави дека неговиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареза, ќе замине во Њујорк на состанокот на Советот за безбедност на ОН