СДСМ најверојатно на 3. март ќе го избере својот кандидат за претседател

На 3. март годинава најверојатно ќе биде закажан Конгрес, на кој ќе биде избран кандидатот на СДСМ за претседател на Република Македонија – изјави вечерва Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по состанокот на Извршниот одбор на партијата.

На Извршниот одбор, според Кирацовски, се дискутирало за актуелната политичка ситуација во државата, а бил разгледуван и предлогот за одржување предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските.

"На Централниот одбор СДСМ ќе ги разгледува сите предности и недостатоци за предвремени парламентарни избори и дали истите ќе одат во прилог на Република Македонија или не. Се надевам дека вечерва Централниот одбор ќе донесе одлука по ова прашање, а доколку не, Извршниот одбор ќе биде задолжен дополнително да ја извести јавноста за одлуката" рече Кирацовски.