Трамп: Постигнат е договор за привремена деблокада на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за привремено укинување на блокадата на средствата на федералната администрација на три недели до 15-ти февруари.

Тој го повика лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел веднаш да го стави ова барање на гласање.

Трамп рече дека комисијата составена од претставници на двете страни почнала да го разгледува неговото барање за гранична безбедност.

Тој изрази верување дека е можен голем, сеопфатен договор со заеднички ангажман меѓу демократите и републиканците.

Најдолгата блокада во историјата на САД доведе до привремено прекинување на работата на една четвртина од агенциите од 22 декември, односно 800 илјади вработени беа испратени на неплатено отсуство или работат без плата.