Стоун пуштен со кауција

Долгогодишен сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун

Долгогодишен соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун кој беше уапсен од американското Федерално биро за истраги (ФБИ), денеска е ослободен со кауција од 250.000 долари. Стоун е обвинет за кривични дела поврзани со давање лажни изјави и влијанија врз сведоци

Ова обвинение е прв јавен потег кој го направи специјалниот советник Роберт Милер во последните неколку месеци. Милер поранешен директор на ФБИ ја презеде исрагата на Министерството за правда за евентуален долсух меѓу Русија и претседателската камапања на Доналд Трамп.

Грант Смит, адвокат на Стоун, рече дека неговиот клиент "енергично" ќе се бори против обвиненијата. Стоун, кој служеше како неформален советник во претседателската кампања на Трамп, според канцеларијата на Милер е обвинет за попречување на официјалната постапка, за лажни изјави и едно обвинение за вмешаност на сведоци.