Населението во Германија на крајот на минатата година достигна 83 милиони, покажуваат податоците на државната статистика. Тоа се 200 илјади луѓе повеќе од пред една година, соопшти Федералната статистичка служба. По обединувањето на Германија, земјата во 1990 година имаше 79,3 милиони жители. Минатата година во Германија биле родени меѓу 785 и 805 илјади бебиња, а умреле меѓу 950 и 970 илјади луѓе. Во земјата пак имигрирале меѓу 340 и 380 илјади луѓе, што е помалку од 2017 година, кога во земјата дошле 416 илјади мигранти. Миграцијата постепено опаѓа од 2015 година кога беше највисока. Овие податоци се врз основа на нецелосни бројки за 2018, а конечните резултати треба да бидат објавени летоска.