Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас аплаудира по говорот на грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, за време на парламентарната седница.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа, јави МИА од Атина.

"Штотуку го потпишав ратификуваниот закон на историскиот Договор од Преспа. Грција е протагонист во мирот и стабилноста на Балканот и Европа. Нова ера во нашите односи со нашите соседи", напиша Катругалос на неговиот официјален Твитер профил.