Столтенберг - Со нетрпение чекам Северна Македонија да стане членка на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Твитер исто така го поздрави усвојувањето на Преспанскиот договор во Грција.

„Важен придонес за стабилноста и просперитетот на целиот регион. Со нетрпение ја челам идната Северна Македонија да стане членка на НАТО“, пишува Столтенберг.

Грчкиот парламент денеска со 153 гласа „за“ и 146 „против“ го ратификува Договорот од Преспа.