Шефот на дипломатијата Никола Димитров на Твитер напиша дека храброста и надежта го поразиле стравот, откако грчкиот парламент до 153 гласа „за“ го ратификува Договорот од Преспа.
„Како што Никос често вели, историјата треба да биде учителка, а не затвор. Јас сум горд на тоа што го направивме. Да живее нашето пријателство и пријателството меѓу нашите земји. Да живее визионерскиот патриотизам“, пишува Димитров во пораката на англиски јазик упатена до Алексис, Џорџ и Никос, веројатно мислејќи на грчкиот премиер Алексис Ципрас, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос и поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас со кого го потпиша Договорот од Преспа.