Десетици рудари заглавени во рудникот „Трепча“ во Косово

Рудникот "Трпча" во Косово.

Околку 100 рудари останаа заглавени во јамата на косовскиот рудник „Трепча“, на длабочина од 700 метри, поради прекин на електричната енергија до кој дошло поради пожар на трафостаница во рамки на рударскиот комплекс, јавуваат кососвските медиуми.

Тие го цитираат директорот за флотација во рудникот Џафер Пеци кој соопшти дека досега од јамата се извлечени 29 рудари, кои биле заглавени на 11-то ниво.

Пеци информира дека спасените рудари се наоѓаат во добра здравствена состојба и оти продолжува опрецијата за спасување на преостанатите рудади, кои се очекува наскоро и тие да бидат извлечени од јамата.