Наполнети се 86 вреќи отпад од предметите што демонстрантите во неделеата ги фрлаа кон полицијата во неколку делови околу грчкиот парламент, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извештаи на полицијата.
Во извештајот составен од командираот на единицата за безбедност на Парламентот, е наведено дека е „чиста среќа“ што немало жртва за време на инцидентите во неделата од предметите што биле фрлани кон полицијата во дворот на Парламентот, како камења, железа, мермер, дрва, од кои наполнети се 86 големи кеси за ѓубре, а прибирањето продолжува.
Инцидентите во рамки на протестот против Договорот од Преспа, почнаа кусо по почетокот на собирот и траеа речиси три часа. Фрлани беа и молотови коктели.