Заев - В петок најверојатно седница на Централниот одбор на СДСМ за изборите

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на гласање на претседателски и предвремените парламентарни избори во 2014 година

Дебата за можноста за одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските е отворена, в петок најверојатно ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, кога може да биде донесена одлука, а постои можност таа да биде донесена и по неколку дена.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата посветена на презентација на плановите за изградба на патната инфраструктура за 2019 и сработеното во 2018.

Тој нагласи дека е сигурно дека ќе почнат постапките за номинирање на кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар, каде заедно со претседателските ќе се одржат и избори на градоначалници.