Во пожар на бродови во близина на Крим загинале 9 морнари

Пожар на еден од бродовите кои пловеле покрај полуостровот Крим

Руските власти соопштија дека во пожар на два комерцијални бродови кои пловеле под знамето на Танзанија и кој се случил во близина на крајбрежјето на полуостровот Крим загинале најмалку 9 морнари. Според властите, 14 лица биле спасени од пожарот кој се проширил од едниот кон другиот брод во Црното море во близина на теснецот Керч.

Руското министерство за транспорт соопшти дека на бродовите имало 31 припадник на екипажот, меѓу кои државјани на Турција и Индија. Потрагата по исчезнатите лица е во тек.