Харадинај не одговори дали Косово ќе ги укине таксите кон Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска не одговори на прашањето кога ќе бидат укинати царините на производите од Србија и БиХ. Тој само порача дека го поздравува состанокот што го закажал претседателот на Косовското собрание Кадри Весељи со амбасадорот на САД на Косово Филип Коснет на кој и тој ќе присуствува.

„Ја поздравувам средбата на предлог на лидерот на собранието Кадри Весељи. Некогаш и снегот ќе се истопи“, изјави Харадинај по положувањето цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова.

Харадинај претходно неколку пати истакна дека и покрај барањето на САД, Косово ќе ги укине таксите кога Србија ќе ја признае неговата земја.