Масовна вакцинација против детска парализа во Пакистан

Вакцинација против детска парализа на дете во Пакистан

Пакистан започна нова национална кампања за вакцинација против детска парализа, како дел од ветувањето на владата за искоренување на болеста во земјата до крајот на годинава. Портпаролот на Министерството за здравство, Рана Сафдар, денеска соопшти дека со вакцинацијата ќе бидат бидат опфатени над 39 милиони деца на возраст до 5 години и оти во неа ќе учествуваат над 260 илјади здравствени работници.

Пакистан, Авганистан и Нигерија се единствените три земји во светот каде има детската парализа, односно полио. Минатата година во Пакистан беа пријавени само неколку нови случаи на полио, за разлика од 2014 година, кога имаше над 300.

Милитантите во Пакистан во минатото ги напаѓаа здравствените работници кои работат на вакцинацијата, поради погрешното верување на вакцината има за цел да ги стерилизира муслиманските деца.