ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за уставноста на Законот за јазици

Седиштето на ВМРО- ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Уставниот суд поднела иницијатива за оцена на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според партијата, законот е противуставен, донесен во нелегална процедура, а со тоа и штетен за државата.

ВМРО-ДПМНЕ, како што наведуваат од партијата, бара од Уставниот суд донесување на времена мерка – запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Законот за јазици и Указот за прогласување на истиот.