Ердоган и Трамп разговарале за ситуацијата во Сирија

Ердоган и Трамп

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп нагласил дека Турција е подготвена да преземе обезбедување на Манџиб во Сирија без одлагање. Ердоган рекол дека „нападот во кој четворица припадници на американскиот контингент загинале минатата недела во Манџиб бил чин на провокација, со цел да се влијае врз одлуката на Трамп за повлекување на трупите од Сирија“.

Манџиб се наоѓа под контрола на вооружени формации поврзани со курдските Единици за заштита на народот што имаат поддршка од САД. Тие формации минатиот месец го повикаа сирискиот претседател Башар Асад во подрачје околу градот за да спречат евентуален турски напад.