Поставени прочистувачи на воздух во сите училници во скопските средни училишта

Во секоја училница од 23-те средни скопски училишта во изминатиот месец е поставен прочистувач на воздух, односно вкупно 572, за што Град Скопје инвестираше околу 11 милиони денари, соопшти Град Скопје.

„Тргнувајќи од фактот дека учениците поминуваат околу една третина од денот во училишните простории и дека таа млада популација е движечка сила на општеството, Градот ги набави прочистувачите на воздух. Средношколците заслужуваат да учат во подобри услови и затоа се инвестира во секој сегмент од нивното образование, се создаваат можности за непречено функционирање во училишниот систем и се создаваат услови за унапредување на квалитетот на образовниот процес“, соопшти Град Скопје.