„Марш на жените“ против политиката на Трамп во стотина градови во САД

Women's March Alliance demonstration

Со „Марш на жените“, што се одржа синоќа во стотина градови во САД, беше одбележана втората година од протестите што беа организирани по инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари 2017 година. Демонстрантите побараа да влијаат врз политиката, помеѓу другото и за зголемување на минималната плата, пристап до здраствена грижа и правото на гласање, објавија светските новински агенции.

Од „Маршот на жените“ наведоа дека сакаат да ги мобилизираат жените да гласаат на изборите во 2020 гдина, кога се очекува Трамп повторно да биде републикански кандидат за претседател на САД.

Сара Спортман, една од учесничките во Маршот во Конектикат истакна дека пристигнала на протест во Вашингтон за да се спротистави на начинот на работа на Трамп, како и за заштита на животната средина и имиграциските права.

„Не ми се допаѓа во која насока оди нашата држава и мислам дека можеме многу подобро“, посочи Спортман.