СДСМ ќе бара одложување на Законот за пазарџиите

Фотографија од протестот на пазарџиите пред Собранието

Пратеникот Диме Велковски изјави дека неговиот СДСМ со внимание ги следи реакциите кои произлегоа од законските измени што ги засегаат граѓаните кои остваруваат трговска дејност на пазарите и дека пратеничката група на СДСМ ќе бара и ќе се залага за одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение.

„Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија“, вели Велковски.

Пазарџиите авчера протестираа пред Собранието, а зелените пазари речиси се испразнија поради новите правила за лиценци.