Итно да се укинат мерките на Приштина, побара Коцијанчич

Maja Kocijancic

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека ставот на ЕУ за царините воведени од Приштина на увозот на српските производи и понатаму е јасен и повторно ЕУ ја нагласува итноста за укинување на тие мерки“.

Таа додаде дека „сите потези и изјави, кои се спротивни со општите и стратешки интереси на регионот, мора да се отстранат“.

Коцијанчич одговори на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека е важно меѓународната заедница и Европа да соопштат дали наскоро ќе бидат укинати косовските такси за српските производи и дали ќе продолжи дијалогот, со цел тој да зане дали во Србија да се организираат вонредни избори или не.

Портпаролката на ЕК нагласи дека „ЕУ очекува Србија и Косово брзо да ги исполнат преземените обврски во дијалогот, имајќи ја предвид директната врска меѓу целосната нормализација на нивните односи и можноста за исполнување на нивните тежнеења во однос на Унијата“.