Вуцис очекува ратификација на Договорот од Преспа до крајот на следната недела

Парламентот на Грција.

Од понеделник ќе започнат процедурите во грчиот Парламент, а до крајот на следната седимица ќе биде ратификуван Договорот од Преспа, изјави претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис, јави дописничката на МИА од Атина.

Вуцис по завршувањето на состанокот на политичиот совет на СИРИЗА, објаснил дека договорот ќе помине на една или на две седници на Комисијата за надворешна политика и одбрана, а потоа ќе биде донесен на пленарна седница, по што ќе следи и гласање од пратениците.