Вучиќ: Ако нема дијалог со Косово, тогаш ќе има избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ако не бидат укинати косовските такси на стоки од Србија, односно ако не продолжи дијалогот меѓу Србија и Косово, тогаш ќе оди на вонредни избори.

„Ако нема дијалог, нема пречки да се оди на избори. Затоа е важно да знаеме дали сакаат да разговараат … мислам дека е важно да ги земеме предвид државните интереси и затоа сакаме одговорот од Европејците и од Приштина. Ако не се укинат таксите, тогаш да им дадеме шанса, како и за идејата на (Рамуш) Харадинај да ме тргнат од власта. А тоа се работи на избори “, рече Вучиќ на обраќањето до медиумите после посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград.

Тој додаде дека е подготвен да ги сослуша сите наводи дека избирачкиот список не е добар, за да се коригираат можните неправилности.

Вучиќ рече дека не е работа на Србија да „покажува мускули, туку да размислува“ и да бара разговори, бидејќи како што додаде „тој ја моли албанската страна да ги укине таксите, бидејќи без овие решенија ќе има политички и економски проблеми“.

Тој ја негираше изјавата на претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека мора да ја признае независноста на Косово.