Пред црквата на Свети Сава пристигна колона од луѓе кои од центарот на Белград се упатија на собирот за поддршка на претседателот на Русија Владимир Путин, а граѓаните во голем број и понатаму доаѓаат на платото од сите околни улици.
Колумни на луѓе доаѓаат од Славија, каде што фонтаната свети во боите на српските и руските знамиња. Собраните ностат знаме на Србија и голем транспарент на кој пишува "Србија и Русија засекогаш пријатели" и слики на српскиот и рускиот претседател Александар Вучиќ и Владимир Путин како и транспарен на кој пишува "Секогаш со својот народ".
Пред Храмот на Свети Сава, на видео бим се емитуваат снимки од денешната прес-конференција на која говореа Вучиќ и Путин.
Уличните продавачи со подвижни мини тезги го продаваат беџот со сликата на Владимир Путин за 150 динари и знамето на Србија за 200 динари.
Во колоната што дојде од Теразије има тапанари и автомобил со звуци од кои се емитува руска музика.
На улиците на Кнез Милош и Немањана, паркирани се голем број автобуси со регистрација од градови од цела Србија.
Собир за подршка на Путин пред црквата Св.Сава
Поддржувачите на српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин стојат пред храмот Св. Сава во Белград, Србија. 17 јануари 2019 година.