Ислкучена јавноста во „Монструм“ поради прикажување докази од ПИ мерки

Архива: Судење за преметот „Монструм“ во Кривичниот суд.

Постапката за предметот на СЈО „Монстум“ денеска продолжи во Кривичниот суд со прикажување на докази обезбедени со посебни истражни мерки, при што судијата Огнен Ставрев ја исклучи јавноста. Рочиштето за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година почна со внесување на исказите на родителите на жртвите и другите материјални докази во записник за главен претрес.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.