Косово нема да ги укине таксите за Србија и покрај барањето на САД

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај потврди денеска дека САД официјално побарале неговата земја да ги укине таксите од 100 отсто за производи од Србија. Тој очекува договорот за меѓусебно признавање со Србија да биде постигнат, а ако тоа не се случи до 2022 година, таксите ќе останат на сила.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, им понудил на двете земји да посредува во трговскиот спор со цел одблокирање на Дијалогот за нормализација на односите. Во интервју за МИА, Хан истакнува дека „за жал“ дијалогот меѓу Белград и Приштина „е сопрен поради прашањето со царините“.