Групата на германската зелена партија во Европскиот Парламент го повика Манфред Вебер, кандидатот на Европската Народна Партија (ЕПП) за претседател на ЕК, јасно да го поддржи Преспанскиот договор. Вебер, кој неодамна беше пренесен од европскиот медиуми Еурактив дека го поддржува Преспанскиот договор, но веднаш потоа ја демантираше изјавата и рече дека целосно го поддржува грчкиот опозиционер Кириакос Мицотакис и дека има целосно разбирање за „грчката чувствителност“ околу прашањето за името.
Оваа изјава предизвика незадоволство во повеќе политички партии во Европскиот Парламент, пред сѐ кај Зелените. Германскиот европратеник од оваа политичка група и портпарол за германските Зелени во ЕП, Гиголдобјави соопштение во кое го оквалификува однесувањето на Вебер како неодговорно и слабо.
“Ангела Меркел го поддржа Алексис Ципрас и проевропските сили во Македонија, Вебер и ЕПП треба да го сторат истото,” стои во реакцијата.
Според него, однесувањето на Манфред Вебер не доликува на човек кој сака да стане претседател на Европската Комисија. Вебер е официјалниот кандидат на ЕПП на следните европски избори за оваа функција.