Хрватската влада ја поништи одлуката за набавка на воени авиони

Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска

Хрватската влада денеска ја поништи одлуката за купување на воени авиони од Израел. Единствената точка на дневниот ред на денешната седница беше откажување на одлуката за купување на повеќенаменски борбени авиони, пренесува загрепски „Индекс“.

Премиерот Андреј Пленковиќ најави детална анализа на овој случај врз основа на која, како што рече, ќе се направат понатамошни проценки и одлуки за тоа како да се дефинира новиот тендер.

Хрватскиот министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ, рече дека тендерот за набавка на авионите бил транспарентен, дека од страна на Хрватска сè било правилно направено, и дека нема материјална штета за државата бидејќи не биле преземени никакви финансиски обврски.

„Министерството за одбрана ќе предложи на Владата донесување на соодветни одлуки. Договорот меѓу Хрватска и Израел не е потпишан и нема финансиски штети за Хрватска“, рече Крстичевиќ.