Мицкоски - Владата силно ќе падне, прашање е дали нешто ќе остане од СДСМ

Христијан Мицкоски.

Македонија денеска е завиена во црно, ова е предавство, залудни се фалбите и изнасилените насмевки, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес- конференција. Тој вели дека премиерот Заев денеска ја преименувал државата, иако договорот се уште не е стапен на сила.

„Готов си Заев, сите го знаат тоа, а набрзо и ти ќе го дознаеш тоа. Оваа влада беше за едно прашање и тоа го решивте катастрофално, преку промена на името, идентитет, на сè што е македонско. Оваа задача завршува, токму затоа оваа влада толку силно ќе падне, што прашање е дали нешто ќе остане од СДСМ“, рече Мицкоски.

Тој вели дека неговата партија ќе ја исправи оваа неправда.

Тој предвидува дека по оваа, како што вели, капитулација, следува нова во економија и во општеството.

Мицкоски повтори дека бараат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Тој вели дека парламентот може да се распушти уште в понеделник и на следните избори да победи народот.