Трамп излегол од состанокот со демократите за буџетот

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека излегол од состанокот со конгресмените од Демократската партија откако тие му рекле дека нема да го финансираат ѕидот на американско мексиканската граница. Трамп на твитер по состанокот со сенаторот Чак Шумер и претседавачот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси напиша: „тоа е тотално губење време“. Шумер потврди дека Трамп си заминал откако добил негативен одговор за финансирањето на ѕидот. Со тоа продолжува и делумната блокада на американската влада која трае веќе три недели.