Кирацовски – Убедивме доволен број пратеници за бенефитите од ЕУ и од НАТО

Архивска фотографија: Пратеникот Александар Кирацовски

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ денеска изјави дека „убедиле доволен број пратеници за бенефитите од членството во ЕУ и во НАТО“ и очекува уставните измени да бидат изгласани најдоцна до петок. Тој рече дека верува оти убедиле нешто над 80 пратеници да ги поддржат уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа со Грција.

Денеска треба да започне собраниската седница на која ќе се гласа за измените во уставот.