Денеска почнува последната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа. 75 седница на Собранието на Македонија ќе има четири точки на дневниот ред: утврдување на предлог амандманите на Уставот, донесување на амандманите, прогласување на Амандманите и на предлог-уставниот закон за нивно спроведување. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го бојкотира гласањето. Според некои наводи владата го имала потребното двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени.